Поиграјте си со туѓата глупавост

Поиграјте си со туѓата глупавостДоколку имате вишок време и не знаете што да правите, а во исто време, уживате кога гледате видеа во кои луѓето патат од својата глупавост, тогаш играта truPIDITY е вистинското нешто што ќе ви овозможи да потрошите часови и часови, играјќи си со туѓата глупавост.

Играта е многу едноставна. Кликнувате на овој линк, бирате една од шесте категории видеа што ви се понудени и играта започнува. Ќе ви биде пуштено видео од некоја ситуација и пред да се случи клучниот пресврт во дејството, видеото ќе запре, а нараторот ќе ви понуди три опции за можниот крај. Во зависност од вашите способности за предвидување, ќе добиете поени или пак ќе ви бидат одземени поени. Играта има повеќе нивоа, а како што се движите понатаму во играта, опциите стануваат многу понепредвидливи.

Откако ќе направите некој импресивен резултат, тој ќе биде запишан на ранг-листата на сајтот, а можете да им се пофалите и на вашите пријатели, преку Facebook. Но внимавајте, оваа игра изгледа како нешто што може да ве направи зависни.

- Реклама -