Ковачевски: Голем ден за македонскиот народ, договорот Фронтекс потпишан на македонски јазик без фусноти, додавки и ѕвездички

„Денес е голем ден за Северна Македонија и за македонскиот народ. Денес го потпишавме Договорот Фронтекс на македонски јазик, без фусноти, без додавки и без ѕвездички. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и го исполнив“, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

Ова, како што рече Ковачевски, е првиот официјален договор потпишан меѓу Северна Македонија и ЕУ на кој стои чист македонски јазик, заедно со сите други јазици во Унијата.

„Со овој чин се покажаа деструктивностите на сите кои бескруполозно со мегафони лажеа дека ова нема да се случи. Пропаднаа лагите, а граѓаните по којзнае кој пат увидоа кој е веродостоен партнер, а кој се служи со лаги и манипулации. Денес јасно и гласно во официјални изјави на официјални европски претставници се користи македонскиот јазик кој е рамноправно застапен со сите други во ЕУ“, рече Ковачевски.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Тој ја повика опозицијата во Собранието на обединување заради европската иднина на државата, а тоа, напомена, се однесува на преговорите со ЕУ, но и на уставните измени кои ја очекуваат земјава веднаш по завршувањето на скринингот.

МИА

- Реклама -