Руски воен авион се урна во куќа во Иркутск, двајцата пилоти загинаа (ВИДЕО од падот+пожарот)

Руски воен авион денеска се урна врз двокатна куќа и предизвика пожар во сибирскиот град Иркутск, соопштија регионалните власти. Според локални медиуми, две лица загинале.

Како што соопшти руското Министерство за вонредни борбениот авион, модел Су-30, се урнал за време на вежба, а двете загинати лица се пилотите на авионот. Жртви меѓу населението нема.

Уривањето на авионот предизвикало пожар што зафатил околу 200 метри квадратни но, според министерството, брзо бил ставен под контрола.

Ова е втор ваков инцидент во рок од 6 дена – минатиот понеделник, борбен авион Су-34 се урна во станбен блок во крајбрежниот руски град Јејск на Азовското море наспроти Мариупол, при што загинаа 15 лица, а 19 други беа повредени.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер
- Реклама -