„Сол“ е микро кино кое не ја загадува околината. Енергијата потребна за правилно работење киното ја добива од сонцето, што им дозволува на сопствениците да патуваат по културни настани и да ги прават луѓето среќни.
Киното, кое е направено од камп приколка, е доволно големо за во него удобно да се сместат осум возрасни љубители на филмови. И покрај ограничувањето на големината, ова кино на посетителите сепак им нуди пуканки.