Вестите поврзани со документите објавени од Wikileaks се фокусираат на најштетните и најконтроверзните откровенија. Но во документите има и такви кои содржат детали кои се, чудни и занимливи.
Совршен пример е документ од мај 2009 година во кој пишува дека американските филмови и телевизиски програми имаат поголем успех во разубедувањето на млади муслимани кои планирале да станат џихадисти од било што друго. Репризи на серии како „Очајни домаќинки“ и „Пријатели“ се прикажуваат на телевизија во Саудиска Арабија без цензура, што му дава на просечниот саудиец поглед во американската култура и живот. Насловот на еден американски документ на тема телевизија кажува сè: „Дејвид Летерман: Влијателен агент“.
Во тој документ е опишана средба на американски претставник во Starbucks – уште едно американско влијание. Накратко, американската телевизиска програма е многу поефективна од ал-Хура, информативен канал финансиран од САД на кој се прикажуваат интервјуа со американски политичари и проамериканска програма. Во документот исто така е запишана изјава на уредник на саудиска информативна телевизија кој вели дека популарноста на американските телевизиски програми расте во целата земја, па дури и во изолираните висококонзервативни региони на Саудиска Арабија од каде што потекнуваат анти-западните мисли. Тој рекол дека во пустините на Саудиска Арабија „повеќе не се гледаат Бедуини, туку деца во западна облека“.
Но ова ширење на американската култура не е ексклузивно право на телевизиите. Во друг документ пишува дека холивудските филмови создаваат „длабок ефект на вредностите и светогледот на саудиската публика“. Неодамна за време на Бајрам на Fox Movies биле прикажувани филмови (со арапски превод) во кои американски мажи ги подржуваат своите сопруги кои се борат со проблеми на зависност. Овие филмови прикажуваат примери на подршка во врските, како и ставање на законот пред сопствените интереси (“Insomnia”). Интересно е што филмскиот критичар Стивен Хантер го нарекол токму Insomnia „разочарување“. Очигледно Хантер не ја видел вистинската генијалност на филмот: претварање на напумпан холивудски римејк – на филм кој потекнува од Шведска – во проамериканска дипломатска алатка. [Hollywood helping to stop the spread of terrorism]