Руски „сухој“ се урна во станбена зграда во Русија, погодени најмалку 15 станови (ВИДЕО)

Станбена зграда во рускиот град Јејск настрада вечерва откако во неа се урна руски борбен авион, набрзо откако полетал од локалниот аеродром.

Руското Министерство за одбрана потврди дека се работи за повеќенаменски борбен „сухој“ Су-34, кој извршувал тренинг лет.

На фотографиите кои ги објавија руските медиуми, покрај огроните пламени јазици, може да се види и падобранот на еден од пилотите, кои се катапултирале непосредно пред ударот.

„Според извештајот на катапултираните пилоти, уривањето било предизвикано од запалување на еден од моторите на авионот при полетувањето“, информираа од руското Министерство за одбрана.

Од видеата објавени на социјалните мрежи, можат да се слушнат и повеќекратни експлозии:

Засега бројот на жртви останува непознат. Гувернерот на Краснодарската област, каде што се наоѓа Јејск, изјави дека локалните и регионалните итни служби се на местото на настанот. Како што пренесе агенцијата ТАСС, повикувајќи се на официјални лица, најмалку 15 станови се оштетени.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина

Градот Јејск е пристанишен град во јужна Русија, лоциран наспроти украинскиот Мариупол, на спротивниот брег на Азовското море.

- Реклама -