Плејбек со 50 Cent (видео)

50 центиНа наше големо задоволство, YouTube ѕвездата Кинан Кахил го откри своето најново ремек дело – Down on Me. Ова е поразлично од сè што снимил досега, бидејќи тука пее на плејбек со 50 Cent! Како и во претходните видеа, застапени се смешните гримаси и мрдањето со глава, по што „Фифти“ се појавува (1:21) од позадина за изненадувањето да биде уште поголемо.

На наше големо задоволство, YouTube ѕвездата Кинан Кахил го откри своето најново ремек дело – Down on Me. Ова е поразлично од сè што снимил досега, бидејќи тука пее на плејбек со 50 Cent! Како и во претходните видеа, застапени се смешните гримаси и мрдањето со глава, по што „Фифти“ се појавува (1:21) од позадина за изненадувањето да биде уште поголемо.

Во видеото 50 Cent му го дава и ланецот, за кој подоцна Кинан потврди дека бил неверојатно тежок. По ова интернет пријателство, Кинан стана најпопуларниот ученик во своето училиште во Чикаго.

Сите негови видеа можете да ги погледнете на профилот на YouTube (повеќе од 66 милиони гледаност) каде ќе најдете песни од музичари како Мајкл Џексон, Кети Пери и Џастин Бибер. Песната Down on Me е сингл од R&B пејачот Jeremih во соработка со 50 Cent.

Кинан и 50 Cent

{youtube}Dwimc4cvUmQ{/youtube}

- Реклама -