Украина запира со извоз на електрична енергија, причина се денешните руски ракетни напади

Киев, 10 октомври 2022 (МИА) – Украинското Министерство за енергетика денеска соопшти дека ќе го запре извозот на електрична енергија по огромниот руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура.

„Денешните ракетни напади, кои ги погодија термоцентралите и друга инфраструктура за снабдување со електрична енергија, ја принудија Украина од утре да го прекине извозот на електрична енергија со цел да го стабилизира сопствениот енергетски систем“, се вели во соопштението на украинското Министерство.

Украинскиот министер за енергетика, Херман Халушенко, изјави дека денешниот напад врз енергетскиот систем е „најголем во досегашниот тек на војната“.

Во телевизиско интервју, тој рече дека руските ракетни напади „на целиот ланец на снабдување“ биле извршени на начин што целта било префрлањето на други извори да го направи што е можно потешко.

Прочитајте и:  Блинкен: САД ќе се прилагодат за да ѝ го дадат на Украина тоа што и треба
- Реклама -