Топ 10 Xbox 360 видео игри во 2010

Иксбокс 360Без сомнение, 2010 е плодна година за гејминг индустријата. Со извонредните игри што се појавуваат на пазарот секој месец, без разлика дали се од исток или запад, многу луѓе „се навлекоа“ на неповторливите приказни што ги понудија гејминг гигантите. Microsoft XBox 360 е најуспешната гејминг конзола на пазарот, заедно со Sony Playstation 3 и Nintendo Wii и нуди бескрајна забава за сите хардкор гејмери. Затоа, денес одлучивме да ви ги презентираме десетте најголеми наслови за оваа година.


Без сомнение, 2010 е плодна година за гејминг индустријата. Со извонредните игри што се појавуваат на пазарот секој месец, без разлика дали се од исток или запад, многу луѓе „се навлекоа“ на неповторливите приказни што ги понудија гејминг гигантите. Microsoft XBox 360 е најуспешната гејминг конзола на пазарот, заедно со Sony Playstation 3 и Nintendo Wii и нуди бескрајна забава за сите хардкор гејмери. Затоа, денес одлучивме да ви ги презентираме десетте најголеми наслови за оваа година.

Xbox360

10. Sims 3
Можеби не е избор што би го направил вистински гејмер, но бројките на продадени копии на оваа видео игра не лажат. Минатата недела, Sims 3 конечно се појави со издание за големите гејминг конзоли. Овој „симулатор на вистински живот“ носи забава за целото семејство и нуди огромна зависност и приврзаност кон ликовите како и светот кој вие го креирате.

{youtube}cz8fZygwtms{/youtube}
9. Mafia II
Приказната на Mafia II е директно продолжение на својот претходник, Mafia. Vito Scaletta, главниот лик во оваа видео игра е син на италијански имигрант кој бара лесен и брз начин да се збогати. Сместена во 1945 година, Mafia II претставува отворен реален свет полн со криминал и мафијашка драма.

{youtube}1_Q3MZC-34o{/youtube}
8. Just Cause 2
Just Cause 2 спаѓа под категоријата на GTA клонови. Она што ја прави специфична и број 8 во нашата листа е островот за истражување кој е поголем од било кој друг виртуелен свет досега. Слободата, акробациите и хаосот се на посебно ниво кое нуди искуство од филмовите на Сталоне.

{youtube}5kjs-SC70Wg{/youtube}
7. Fable III
Една од најочекуваните игри годинава, се појави во продавниците ширум светот минатата недела. Fable III е Fantasy RPG (role-playing game) сместена во светот на Albion. Вашата задача во играта е да ја завземете улогата на млад принц (или принцеза) чија мисија е да го симне лошиот брат од престолот. Оваа убава фантазија е дело на Peter Molyneux, човекот кој ни го донесе Black & White серијалот.

{youtube}lpR2Uy2VLMc{/youtube}
6. Super Street Fighter IV
Super Street Fighter IV е уште едно продолжение на феноменалните Street Fighter серијали, овојпат како проширување на обичната Street Fighter IV, најуспешната анимирана 2D боречка игра. Нови ликови, нивоа, музика и потези нудат неповторливо искуство за сите фанови на вакви игри.

{youtube}f7JUfOZ4NjU{/youtube}
5. Mass Effect 2
Bioware отсекогаш знаеле да направат RPG со филмски допир. Нивниот најголем sci-fi RPG успех, Mass Effect, доби само позитивни критики па затоа без губење време ни ја претставија Mass Effect 2. Подобрена во секој поглед, Mass Effect 2 е продолжение на епската приказна за Commander Shepard и неговата долга мисија да ја спаси галаксијата од напредната раса машини.

{youtube}lCpK2XnIaeI{/youtube}
4. Final Fantasy XIII
Овој најпознат јапонски RPG серијал, со прво издание во далечната 1987, после многу години го доживеа својот 13-ти дел. Со графика и виртуелен свет што одзема здив, ликови со кои можете да се приврзете и приказна што ќе ве држи заинтересирани повеќе од 40 часа, Final Fantasy XIII е убавина што мора да се доживее.

{youtube}eJPbozRomX4{/youtube}
3. Alan Wake
Sam Lake, писателот и креаторот на една од најпознатите игри на сите времиња, Max Payne, реши да ја обнови својата слава со Alan Wake, приказна за еден писател кој ги доживува хорорите од негова книга што никогаш не ја напишал. Alan Wake е акционен психолошки хорор со напната атмосфера и приказна во стилот на Max Payne. Една од најуникатните игри на сите времиња.

{youtube}auw3_z9EyRg{/youtube}
2. Bayonetta
Bayonetta е најновото ремек дело на Hideki Kamiya, човекот што го направи изнвонредниот серијал Devil May Cry. Иако начинот на играње е многу сличен со оној на Devil May Cry, сепак Bayonetta е една од оние игри што не знае за граници и со својата генијалност може само да ве остави без сон. Апокалиптичните приказни во плетора од хумор, сатира, нарација и графички елементи ја прават една од најуникатните игри што некогаш се појавиле.

{youtube}Xem1WPdkcuM{/youtube}
1. Red Dead Redemption
Не можеме да очекуваме ништо помалку од совршенство од Rockstar Games, генијалците кои стојат позади GTA серијалот. Овојпат со еклектичен спој на нивниот GTA стил и дивиот запад на почетокот на минатиот век, Red Dead Redemption без сомнение е најголемото достигнување за XBox 360 годинава.

{youtube}2NUjbORZueU{/youtube}
Бонус: Assasin’s Creed – Brotherhood
Не смееме да го пропуштиме и Assasin’s Creed – Brotherhood кој ќе се појави на полиците набрзо. Овој успешен серијал ќе доживее продолжение на приказната за атентаторот Ezio Auditore и неговите обиди да донесе правда средновековна Италија. Assasin’s Creed – Brotherhood е една од најочекуваните игри оваа година.

{youtube}zzNs4-kRLaE{/youtube}
- Реклама -