Руската Дума ги ратификуваше договорите за анексија на украинските региони

Москва, 3 октомври 2022 (МИА) – Руската Дума гласаше за ратификување на договорот за прием на четири украински региони во Руската Федерација, објави „Известија“.

413 пратеници гласаа за прием на регионот Доњецк, кој Русија го признава како Доњецка народна република. 412 пратеници гласаа за прием на регионот Луганск, кој Русија го признава како Луганска Народна Република.

За прием на Херсонската област во Руската Федерација гласаа 409 пратеници, додека за прием на област Запорожје 411 пратеници.

Прочитајте и:  Руски борбени авиони, НАТО системи, американски хотели... Специјалните барања на Путин ја одложуваат неговата посета на Турција
- Реклама -