Кремљ: „Специјалната воена операција“ во Украина ќе продолжи сѐ до целосна контрола врз Доњецката област

Москва, 28 септември 2022 (МИА) – Кремљ денеска соопшти дека воената операција во Украина треба да продолжи додека Русија не преземе целосна контрола врз источниот регион Доњецк.

Дмитриј Песков, прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека кампањата во Украина ќе продолжи „барем до ослободувањето“ на „Доњецката Народна Република“.

Песков уште посочи дека САД се сѐ поблиску да станат страна во конфликтот во Украина, што според него е „исклучително опасен“ развој на настаните.

Руската страна има негативен став кон изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за можноста од употреба оружје што САД ѝ го дале на Украина против териториите каде се одржани референдуми за приклучување кон Русија, предупреди тој.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Во врска со изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „нема за што да се разговара“ со неговиот руски „колега“ Владимир Путин доколку Москва ги признае „референдумите“ во четирите окупирани региони, Песков истакна дека тоа „не е ништо ново“ од украинската страна.

По однос кампањата за мобилизација на 300 илјади резервисти, руски медиуми јавија дека руските државјани чии роднини се ангажирани во составот на украинските вооружени сили, не се ослободени од мобилизацијата.

- Реклама -