Германските власти стравуваат дека саботажата ќе го остави „Северен тек“ засекогаш неупотреблив

Берлин, 28 септември 2022 (МИА) – Германските безбедносни служби стравуваат дека гасоводот „Северен поток 1“ би можел да остане засекогаш неупотреблив, по обемните истекувања гас од цевководите на „Северен поток 1“ и на „Северен поток 2“ поставени врз дното на Балтичкото Море. Тоа денеска го објави германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ повикувајќи се на владини извори.

Според весникот, доколку веднаш не биде санирана штетата на гасоводот, големи количества солена морска вода ќе навлезат во цевководите и ќе предизвикаат нивна корозија, по што тој би станал трајно неупотреблив.

Истовремено весникот посочува дека експерти на повеќе сојузни министерства, како и од Кабинетот на федералниот канцелар, расправаат за последиците од инцидентот. Изданието уште наведува дека ќе биде зајакната контролата врз германските територијални води.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

Како и Европската комисија, и германските безбедносни служби и германската Федерална разузнавачка служба (БНД) тврдат дека се работи за саботажа врз инсталацијата.

- Реклама -