Тејлор: Русија присилно депортирала до 1,6 милиони Украинци

Женева, 23 септември 2022 (МИА) – Американската претставничка во Советот на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Мишел Тејлор денеска изјави дека Русија присилно депортирала меѓу 900.000 и 1.6 милиони Украинци. Таа се повика на неименувани извори.

Тејлор ја повика надлежната Комисија на ОН да спроведе истрага во врска со овие наводи.

„Ги повикуваме членовите на Комисијата да продолжат да го истражуваат сè поголемиот број докази за руските операции за присилно депортирање и исчезнување“, нагласи Тејлор во обраќањето пред Советот на ОН за човекови права во Женева.

Прочитајте и:  Антонов: САД го трасираат патот кон третата светска војна
- Реклама -