Герашенко: Путин е во агонија, ги фрли сите карти, ова ќе заврши со немири во Русија

Киев, 21 септември 2022 (МИА) – Путин е во агонија. Ги фрли сите карти на маса. Направи сѐ за да избегне мобилизација, знаеше дека анкетите покажуваат дека овој потег има поддршка од само десет проценти“, објави Антон Герашенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи ја одлуката на рускиот претседател за делумна мобилизација.

„Кога овие набрзина мобилизирани луѓе ќе се вратат од војната, тие ќе ја дестабилизираат Русија и ќе ја фрлат во превирања“, напиша тој.

„Никој не може да го запре тркалото на историјата. Фрлајќи ги сите овие луѓе во војната против Украина, Путин само ќе се приближи до својот крај. Ништо не се менува за Украина. Продолжуваме да одиме напред и да ги ослободуваме нашите територии. Западот продолжува да нѐ поддржува. Слава на Украина“, додаде Герашенко.

Прочитајте и:  Сијарто: Зеленски го вовлекува НАТО во украинскиот конфликт, а тоа значи светска војна
- Реклама -