Друштвени игри наместо лаптопи

игриАко ви е преку глава технологија, интернет, лаптопи и останат хардвер, тогаш кафулето „Snakes and Lattes“ е местото за вас. Имено, во него наместо интернет се нудат исклучиво друштвени игри.

Ако ви е преку глава технологија, интернет, лаптопи и останат хардвер, тогаш кафулето „Snakes and Lattes“ е местото за вас. Имено, во него наместо интернет се нудат исклучиво друштвени игри.

Бен Кастание штотуку го отвори кафулето „Snakes and Lattes“ и во него строго е забранет бежичниот интернет. Наместо тоа, Бен нуди друштвени игри. „Едноставно не сакам луѓето да седат и да зјапаат во нивните монитори“, вели Бен.

Сопственици на кафулето се Бен и неговата девојка Аурелиа Пејнет, кои игрите ги собирале две години, најчесто на старо и од распродажба. Секоја игра внимателно ја разгледувале, за да утврдат дека не недостасуваат фигури, а неколку игри кои се популарни од неодамна се купени нови.

20100829-SnakesandLattes-koreatown

Кафулето се наоѓа во Торонто и е прво „кафуле со друштвени игри“ таму. За пет долари можете неограничено да ги користите игрите, а како што кажува името, нудат и кафе и грицки. Тие наскоро ќе добијат и дозвола за точење алкохол.

20100829-SnakesandLattes-08

Бен верува дека моќта на игрите ги зближува луѓето. „Играта не е наменета за двајца“, вели тој. „Па, ако има две групи, ќе се погрижиме да играат заедно“.

Идејата за кафулето произлегува од еден француски концепт за бизнис, наречен „изнајмување на играчки во библиотка“, место на кое можете да изнајмите друштвени игри или други играчки. Овие кафулиња се многу популарни во Азија, посебно во Сингапур и Хонг Конг.

Кај нас во Скопје, друштвените игри можете да ги играте Гоблин, особено Magic, која е доста популарна на глобално ниво. За останати игри и места за играње во Македонија, пишете ни во коментарите подолу. [New Board Game Café Welcomes You, But Not Your Laptop]

- Реклама -