ВМРО-ДПМНЕ: Груби лаже, ако имаат пратеници за уставни измени нека ги стават на дневен ред, ако не Ковачевски веднаш да си поднесе оставка

„Груби кажува лаги, ако имаат пратеници за уставни измени уште наредна недела нека ги стават на дневен ред, ако не Ковачевски веднаш да си поднесе оставка“, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, Владата на Ковачевски, соочена со „секојдневните неуспеси и порази на секое поле“, очајно се обидува, со лажни вести, да направи дефокус од тоа што, како што велат, нема учебници во образованието, од тоа што Македонија има највисока стапка на инфлација и најниска стапка на економски раст, од тоа што „се до гуша заглавени во криминал“.

„ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта ако имаат пратеници за уставни измени, што се докажа дека немаат, еве наредната недела нека ги стават на дневен ред. Во спротивно веднаш да си поднесе оставка Ковачевски“, порачаа од партијата.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

„Прашањето за уставни измени не е прашање дали сме за или против Европска Унија, туку дали сме за или против идентитетско обезличување и прифаќање на бугарските ултиматуми“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -