Протести во Прага против чешката Влада, Европската Унија и НАТО

Прага, 3 септември 2022 (МИА) – Околу 70.000 луѓе денеска протестираат на Вацлавскиот плоштад во Прага против чешката Влада, Европска Унија и НАТО.

Протестите се во организација на чешките радикални националисти и други вонпарламентарни партии. Главно барање на организаторот на протестот насловен „Чешка на прво место“ е оставка од коалициската Влада на премиерот Петр Фијала, како и смена надворешната политика кон Русија. Исто така се бара и Чешка да прогласи воена неутралност, како и да се носат одлуки независно од Светската трговска организација и од Обединети нации.

Чешка мора да се ослободи и да не биде директен политички поданик на ЕУ, СТО и ОН, беше наведено во поканата за протестот.

Прочитајте и:  Руски борбени авиони, НАТО системи, американски хотели... Специјалните барања на Путин ја одложуваат неговата посета на Турција

Демонстрантите исто така побараа по оставката на Владата да се овластат експерти од радикалните националисти, комунистите и други антисистемски движења и иницијативи да склучат договор со Русија во име на Чешка за итна испорака на евтин гас.

Тие исто така бараат чешките производители да ги напуштат европските берзи за електрична енергија и да се ослободи целата чешка економија од странски капитал и компании.

- Реклама -