Битиќи: Нѐ очекува тешка зима, за одлуките од денес па натаму ќе бидат одговорни сите

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска по средбата со стопанствениците во Владата во рамки седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог, порача дека нѐ очекува тешка зима и дека која и да е одлуката што ќе ја преземат од денеска па натаму, сите ќе бидат одговорни за истата.

„Ако се задолжиме за да помогнеме на стопанството, свесно ќе влеземе и стопанството и Владата во таква работа, и ќе знаеме дека некој ќе треба да го плати тоа задолжување, а дали се тоа поголеми даноци заедно ќе одлучиме“, рече Битиќи пред Владата.

Прашан дали е можно да се намали ДДВ во оваа криза, тој посочи дека е веќе намален.

Прочитајте и:  Битиќи: Извештајот на Светска банка со аларматни и поразителни податоци за економската состојба во земјата, јасен сигнал дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се неуспешни

Како што посочи Битиќи, на денешната редовна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, се разговарало и за даночните реформи.

Според него, индивидуални мерки не се решение и тоа, како што рече, го видовме во периодот на ковид и го потенцира и сега.

МИА

- Реклама -