Бугарското МНР ни го честита 2 Август (без да спомене „Илинден“)

„Искрени честитки кон Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи“, ни порача бугарското МНР на Твитер по повод 2 Август – Денот на републиката.

Се огласи и македонското МНР, заблагодарувајќи се за честитката.

„Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија.

Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи“, порачаа од МНР на Твитер.

Прочитајте и:  Мицкоски за пренамена на средствaта за Коридорот 8: Жалам што Бугарија за внатрешно-политички потреби прави политика од сето ова
- Реклама -