ВМРО-ДПМНЕ со сочувство до семејството на Илинка Митрева: Немавме разидувања за националните и државни интереси на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на г-ѓа Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, и упатува искрено сочувство до семејството и најблиските, се вели во телеграмата со сочуство до семејството на Митрева што ја испрати опозициската партија.

„Илинка Митрева како поранешен пратеник, министер и политички и општествен чинител беше дел од поновата македонска историја. Таа делуваше во времињата кога без разлика на концептуалните и идеолошки разлики се опстојуваше од сите во промоција и заштита на националните и државни интереси на Република Македонија. Нека почива во мир!“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Сочуство до најблиските со слична порака испрати и пратеникот и член на ИК на партијата – Антонио Милошоски.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

„Бевме политички соперници, но секогаш во дебата на ниво и со почит, и најбитно, без разидување за националните надворешно-политички интереси на Македонија. Илинка Митрева беше личност и политичар со свои принципи, на кои им остана доследна до крајот! Сочувство до најблиските. Вечен ѝ спомен.“, напиша тој на Фејсбук.

- Реклама -