„Честитки и огромна благодарност“ до пратениците кои денеска гласаа „ЗА“ францускиот предлог, односно за предлог преговарачката рамка, изрази премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук.
Според Ковачевски, пратениците покажале демократски капацитет и, поддржувајќи ги заклучоците за европскиот предлог, гласале за европска иднина на државата.
„Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните“, порача Ковачевски.
„Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки! 🇲🇰 🇪🇺 “, додаде тој.