МВР: Четирисет и седум полицајци се повредени во судирите на протестите против францускиот предлог

Четириесет и седум полицајци се повредени вечерва во судирите со дел од учесниците на протестите против францускиот предлог, потврдија за МИА од МВР.

Дел од демонстрантите почнаа да фрлаат петарди, димни бомби и други предмети кон специјалците и ја урнаа оградата пред законодавниот дом, по што интервенираше полицијата.

Од повредените припадници на полициските сили 11 се потешко повредени, а двајца од нив имаат сериозни повреди, додаваат од МВР.

Прочитајте и:  Кривична пријава за екс-директорот на ЈЗУ Општа болница- Кичево, си присвоил ехо апарат дониран од МТСП
- Реклама -