Моравјецки: Полјаците се подготвени да се борат доколку биде потребно

Фото: Официјален Фејсбук профил на Моравјецки

Варшава, 13 јуни 2022 (МИА) – Народот на Полска е подготвен да пружи отпор во случај на руски напад, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки на отворањето на спортско-стрелачката галерија во Мисков, јужна Полска.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, стрелачките галерии во Полска се се популарни.

„Доколку Русија некогаш размислува да ја нападне Полска, Русија треба да знае, и Кремљ мора да знае, дека има 40 милиони Полјаци во Полска подготвени да земат оружје во рака за да ја одбранат својата татковина“, рече Моравјецки.

Тој нагласи дека војната во Украина на сите им покажала дека слободата не се зема здраво за готово. Полска, исто така, беше „под руската чизма“ со векови, рече тој.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

„Не сакаме да се вратиме на тој недостиг на слобода. Го отфрламе нивниот колонијализам и империјализам“, рече тој.

Моравјецки најави дека Полска поради тоа ќе ја зголеми својата армија и ќе инвестира во нови системи за оружје.

Според централниот орган за статистика ГУС, Полска моментално има нешто повеќе од 38 милиони жители. Сепак, многу повеќе живеат надвор од земјата. Само во Германија во 2021 година се евидентирани 871.000 луѓе со полско државјанство.

- Реклама -