Кремљ со потерница по Глуховски, авторот на „Метро 2033“, поради коментар за војната во Украина

Руските власти денеска издадоа потерница по популарниот писател на научна фантастика – Дмитриј Глуховски, светски познат по новелата „Метро 2033“ и последувателните „Метро 2034“ и „Метро 2035“, кои го инспираа и истоимениот мега-популарен серијал видео игри. Кремљ го товари за ширење лажни информации „за воената операција“ во Украина.

Глуховски, на социјалната мрежа Телеграм, напиша дека е обвинет затоа што наводно ги дискредитирал руските вооружени сили на Инстаграм.

„Подготвен сум да повторам сѐ што напишав, а тоа е: Стоп за војната! Признајте дека ова е војна против целиот народ и прекинете ја“, порача писателот.

Како што стои на веб-страната на руското МВР, Глуховски се бара по неопределен член од кривичниот закон.

Прочитајте и:  Кремљ: Путин јасно му стави до знаење на Западот за последиците од ракетите со долг дострел за Украина

Руските власти претходно ги таргетираа опозициските личности и новинарите според законот кој предвидува затворски казни до 15 години за „намерно ширење лажни“ вести „за руската војска“.

Глуховски е првата важна личност од светот на културата по која е распишана потерница поради кршење на законот донесен неколку дена откако Русија изврши инвазија врз Украина на 24 февруари.

Извор: МИА

- Реклама -