Објавени сателитски снимки од руски бродови кои наводно товарат украдено жито од Украина

Украинскиот Центар за стратешки комуникации објави сателитски снимки, кои, како што тврдат, покажуваат руски бродови како товарат украдено жито од Украина.

Снимките се направени од американската компанија Maxar Technologies (позната по сателитските снимки од километри долгиот руски конвој кој беше упатен кон Киев), на 19 и 21 мај. Како што се наведува, снимено е „привремено окупираното“ пристаниште Севастопол на анектираниот од Русија полуостров Крим, каде се закотвени два транспортни брода под руско знаме – „Матрос Позинич“ и „Матрос Кошка“, додека товарат украинско жито.

Прочитајте и:  Гардијан: Украина доби зелено светло од Велика Британија за користење на ракетите „Сторм Шадоу“ на цели во Русија
- Реклама -