Русија тврди дека уништила голема пратка оружје што Западот ѝ ја доставил на Украина

Москва, 21 мај 2022 (МИА) – Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили уништиле голема пратка оружје што Западот ѝ го доставил на Украина.

„Ракетите со долг дострел ‘Калибр’ со висока прецизност, лансирани од морето, уништија голема пратка оружје и воена опрема“, се наведува во соопштението.

Пратката била испорачана од САД и европските земји во близина на железничката станица Малин, во регионот Житомир, на северозападот од Украина, наведе руското МО.

Прочитајте и:  Гардијан: Украина доби зелено светло од Велика Британија за користење на ракетите „Сторм Шадоу“ на цели во Русија
- Реклама -