Курсот на доларот под 60 рубљи, првпат од 2018 година

Москва, 20 мај 2022 (МИА) – Вредноста на рубљата продолжи да расте во однос на доларот на Московската берза, при што американската валута падна под 60 рубљи првпат од април 2018 година.

Рубљата досега зајакна за повеќе од 24 отсто оваа година и покрај економската криза, станувајќи најуспешната валута во светот во однос на перформансите на пазарот, поддржана од контролата на капиталот воведена од Русија кон крајот на февруари за да го заштити својот финансиски сектор по, како што Москва ја нарекува – воената операција во Украина .

Во однос на еврото, рубљата зајакна за речиси 4,0 проценти на 61,90 рубљи.

Прочитајте и:  Вонредно исклучување на струјата во Киев и во други области поради закана од напад
- Реклама -