Албански истражувач тврди дека Исус Христос носел кече и по потекло е од Албанија

Тирана, 10 мај 2022 (МИА) – Познатиот албански истражувач Сазан Гури многу изненади со својата најнова хипотеза, со која тврди дека Исус Христос по потекло бил од Албанија.

Со фотографија објавена на Фејсбук, Гури тврди дека Христос, пред да се вознесе на небото, носел кече на главата, што е исклучиво симбол на Албанија и Албанците.

„Христос со кече, случајност или…? многу народи имаат заеднички симболи, знамиња, џубле… но кече се знае дека го носи еден народ и само еден голем народ, било да се тоа Дарданите, било да се Илирите, било да се оние од Епир, Арбареши или Албанци. Зарем оваа фотографија не ви го покажува токму ова“, наведува тој во објавата на Фејсбук.

Прочитајте и:  Црква во Швајцарија инсталираше Исус со вештачка интелигенција

Сазан Гури (66) е албански истражувач, аналитичар, екологист, нафтен геолог и инженер. Неговите научни степени се вонреден професор по геонауки и доктор на науки по геологија. Тој деновиве најави дека ќе се кандидира за нов претседател на Албанија.

- Реклама -