ЕБОР: Прекин на испораките на руски гас тешко ќе ги погоди економиите во развој

Лондон, 10 мај 2022 (МИА) – Наглиот прекин на испораките на руски гас тешко ќе ги погоди економиите во развој во Европа, Централна Азија и Северна Африка, и накратко ќе го поништи нивното закрепнување од пандемијата, предупреди Европската банка за обнова и развој.

Поради високата инфлација и последиците од руската инвазија на Украина, банката ги намали прогнозите за раст за целата група на економии во транзиција во кои работи, од 1.7 на 1.1 отсто оваа година.

Следната година растот треба нагло да се забрза, на 4.7 отсто, прогнозира ЕБОР, намалувајќи ја прогнозата од почетокот на пролетта за 0.2 процентни поени. Меѓу заканите, банката издвои можен ненадеен прекин на испораките на руски гас, што е важно за многу земји.

Доколку тоа сценарио се оствари, БДП по глава на жител повторно би бил помал за неколку квартали отколку во периодот пред пандемијата, велат од банката, додавајќи дека во тој случај растот оваа година би можел да биде за 2.3 отсто помал од „неутралната“ прогноза , а за два отсто помала во 2023 година.

Прочитајте и:  ФТ: Никој не е на страната на Унгарија и Словачка во однос на испораката на нафта од Русија

Земјите во кои работи ЕБОР би постигнале прогнози од неутралното сценарио само на крајот на следната година, со поддршка на инвестиции во нови технологии и инфраструктура. Суспензијата ќе има најсилно влијание врз економиите како Чешка, Унгарија и Словачка, предупредија тие.

Намалените прогнози во неутралното сценарио се објаснуваат со силни ценовни притисоци.

„Зголемените цени на храната и енергијата неодамна ги влошија инфлаторните притисоци кои беа силни по закрепнувањето на глобалната побарувачка паралелно со постепеното укинување на ограничувањата за Ковид-19“, соопшти ЕБОР.

- Реклама -