Потпретседателот на руската „Газпромбанк“ се придружил на украинската армија

Москва, 27 април 2022 (МИА) – Потпретседателот на руската државна банка „Газпромбанк“, Игор Волобујев, пребегал од Русија за да им се придружи на украинските сили кои се борат против руската инвазија.

Волобујев за независниот руски портал „Инсајдер“ и за украинскиот деловен портал „Лига.нет“ изјави дека на 2 март ја напуштил Русија и се приклучил на украинските сили за територијална одбрана.

„Не можев од страна да гледам што ѝ прави Русија на мојата татковина. Русите го убија татко ми, моите познаници и блиски пријатели. Татко ми живееше во ладен подрум еден месец. Луѓето што ги познавам од детството ми кажаа дека се срамат од мене“, изјави Волобујев, кој е роден во североисточниот украински град Охтирка.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Тој додаде дека никој во Русија не знаел за неговото заминување.

Претходно од Русија заминаа првиот заменик-претседател на „Сбербанк“ – Лев Касис, претседателскиот пратеник Анатолиј Чубаис и заменик-претседателот на „Аерофлот“ – Андреј Панов.

- Реклама -