Пендаровски: Во Битола имаше обид докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување

„Иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет претставува чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не ѝ служи на таа благородна кауза“, реагира претседателот на државата – Стево Пендаровски, по повод вчерашното отворање на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Пендаровски, потенцирајќи дека не сака да ја оспори добрата намера на бугарскиот премиер Кирил Петков, посочи дека вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави, оценува Пендаровски, беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер.

Прочитајте и:  Џејмс О Брајан: САД ќе бидат многу поактивни во дијалогот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија добие стабилна влада

„Во 2017 година, идејата да се формира комисија составена од историчари беше да се најде компромис за историските настани и личности кои треба да бидат заеднички чествувани и од македонскиот и од бугарскиот народ. За жал, вчера во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока“, порача шефот на државата.

- Реклама -