ОН: Во Украина од почетокот на руската инвазија убиени речиси 2.000 цивили, но вистинските бројки се „многу повисоки“

Њујорк, 14 април 2022 (МИА) – Бројот на загинати цивили во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари до 13 април изнесува 1.964, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за човекови права.

Вкупно 161 од загинатите се деца. Во истиот период повредени се 2613 цивили, од кои 252 се деца.

– Вистинските бројки се многу повисоки, нагласи Канцеларијата на ОН за човекови права и додаде дека „ескалацијата и постојаните судири во источните и јужните региони на Украина постојано ги зголемуваат хуманитарните потреби“.

Прочитајте и:  Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата
- Реклама -