Русија се закани дека „ќе престане да се воздржува“ од напад на Киев

Москва, 14 април 2022 (МИА) – Руското Министерство за одбрана соопшти дека морското трговско пристаниште во Мариупол е „целосно ослободено од милитантите на нацистичката формација Азов“.

„Сите заложници кои нацистите ги држеа на бродовите во пристаништето, вклучително и странските, се ослободени. Остатоците на единиците на украинските војници и нацистите „Азов“ кои се наоѓаат во градот се блокирани и лишени од можноста да избегаат“, изјави портпаролот на Министерството Игор Конашенков.

„Гледаме обиди за саботажа и удари на украинските војници на објекти на територија на Руската Федерација. Доколку таквите случаи продолжат, руските вооружени сили ќе ги нападнат центрите за одлучување, вклучително и Киев, од што руската војска досега се воздржуваше“, рече тој.

Прочитајте и:  Украински ВВС: Русија нападна со „рекордни“ 188 дронови во текот на ноќта
- Реклама -