Уништениот Мариупол снимен од дрон: „90% од градот е исчезнат“ (ВИДЕО)

Мариупол, 23 март 2022 (МИА) – На социјалните мрежи се појави видео од разурнатиот украински град Мариупол, снимено со дрон.

Видео снимката ја објави Бахти Нишанов, кој работи за Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

„Избегнував да ги објавам уништувањата во Украина, но руското уништување на Мариупол мора да биде објавено. Деведесет проценти од градот е исчезнат. Полскиот претседател Дуда вели дека изгледа како Варшава во 1944 година, и во право е“, напиша Нишанов на Твитер.

Прочитајте и:  Подољак: Украина ќе престане да испорачува руска нафта и гас во Европа
- Реклама -