Украина нуди 1 милион долари за секој заробен руски авион

Украинската државна корпорација за производство на оружје – „Укроборонпром“, излезе со понуда од 1 милион долари за секој што ќе зароби борбено подготвен руски воен авион.

Како што потенцираат од компанијата, „понудата е отворена за руските пилоти кои сакаат да ја сменат страната“.

Истовремено, „Укроборонпром“ нуди по половина милион, односно 500.000 долари за секој што ќе зароби руски воен хеликоптер во оперативна состојба.

„На пилотите на Руската Федерација, подготвени да учествуваат во програмата, им се гарантира дека ќе добијат државјанство на слободна земја“, се додава во соопштението.

МИА

Прочитајте и:  Мисајловски: Нов пакет помош за Украина наскоро на владина седница
- Реклама -