Борел: ЕУ нема да забрани увоз на енергија од Русија, не го следиме Бајден по ова прашање

Брисел, 8 март 2022 (МИА) – Европската унија нема да забрани увоз на енергија од Русија, изјави за Ал Џезира високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Како што пренесе Бгнес, тој ја даде изјавата по најавата на Вашингтон за нови санкции против Москва, вклучително и забрана за увоз на енергенси.

„Нема да забраниме увоз на руска енергија. Не го следиме Бајден по ова прашање“, рече Борел.

Тој додаде дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има „партнер на кој не може да смета“.

Борел исто така рече дека членството на Украина во ЕУ е можно, но нема да се случи преку ноќ.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Тој нагласи дека Украина не претставува закана за Русија, а ЕУ „нема да го турка Киев во војна со Москва“

- Реклама -