Според Русија убиени се помалку од 500 руски војници, според Украина бројката е над 7.000

Помалку од 500 руски војници се убиени од почетокот на „специјалната воена операција“ (како што ја нарекува Путин) во Украина, тврди руското Министерство за одбрана.

Ова е првпат руските власти да излезат со бројка за загинатите и повредените во своите редови.

„Загинаа 498, а уште 1.597 се ранети во изминатите седум дена“, соопшти руското министерство.

Според украинските власти, меѓутоа, бројката на убиени руски војници е далеку, далеку поголема.

„Во Украина досега се убиени повеќе од 7.000 руски војници“, изјави денеска Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Стотици руски војници се наоѓаат во заробеништво“, додаде тој.

Прочитајте и:  Бербок: Путин сака да ги смрзне Украинците
- Реклама -