Подолиак: Русите се обидоа да донесат максимална количина опрема во Киев

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски – Михаил Подолиак, утрово соопшти дека руските сили се обиделе „да донесат максимална количина опрема во градот Киев“, но дека „во моментов, ситуацијата во предградијата и околината на Киев е под контрола“.

Во ТВ обраќањето, Подолиак рече дека „одделни диверзантски и извиднички групи“ се присутни во градот, но дека полицијата и одбранбените единици „активно работат против нив“.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -