Пендаровски за потегот на Русија: Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата

Претседателот на државата – Стево Пендаровски, на својот Твитер профил, изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

„Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата. Изразувам цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, порача Пендаровски.

Претходно и премиерот Димитар Ковачевски и шефот на дипломатијата Бујар Османи изразија недвосмислена поддршка за Украина, акцентирајќи дека силно ги осудуваат најновите потези на Русија во и во однос на земјата.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална
- Реклама -