Германија го суспендира гасоводот Северен тек 2, како одговор на потезите на Русија

Берлин, 22 февруари 2022 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека ЕУ денеска на одлуката на Русија да ги признае Доњецк и Луганск ќе одговори со санкции и дека наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот „Северен поток 2“.

На прес-конференција Шолц рече дека ЕУ ќе се договори за пакетот санкции што ќе го усвои денеска.

„Ситуацијата денеска е сосема поинаква од пред неколку дена и затоа треба повторно да ја анализираме. Побарав од Министерството за економија да го повлече документот од процедура и со тоа да го оневозможи сертификатот за гасоводот Северен поток 2“, рече тој.

Прочитајте и:  Бербок: Путин сака да ги смрзне Украинците

Шолц рече дека Европа се соочува со тешки денови и дека 80 години по Втората светска војна, во Европа се заканува нова војна.

„Наша одговорност е да го спречиме тоа. Апелирам до Русија да ни помогне во тоа“, истакна Шолц.

- Реклама -