Во Бугарија намалена поддршката за тврдата позиција кон Скопје

Вкупно 31 отсто од бугарските граѓани го поддржуваат најавениот нов, пофлексибилен пристап на Бугарија во преговорите со земјава, наспроти 49% кои сметаат дека Софија треба да остане на поцврстиот став, како до неодамна. 20 отсто немаат став по ова прашање.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Агенцијата „Алфа рисрч“, објавена вчера, а спроведена во периодот од 6 до 14 февруари на примерок од 1060 испитаници.

Во претходните анкети, за време на Владата на Бојко Борисов и тогашната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, поддршката за тврдиот пристап кон земјава во Бугарија изнесуваше и до 80%.

Како што наведува „Алфа Рисрч“, која ги следи сите главни показатели повеќе од 20 години, и покрај промената на седум редовни влади во овој период, ретко се случувало толку брзо и различно темпо во еволуцијата на ставовите на бугарската јавност во раните месеци на една влада, како што е забележано во тековната студија на агенцијата.

Извор: МИА

- Реклама -