ВМРО-ДПМНЕ: Со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ промените се видливи

„Со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ промените се видливи“, велат од најголемата опозициска партија. Нови булевари, училишта, градинки, пречистителни станици и паркови се само дел од она со што нивните градоначалници можат да се пофалат во првите 100 дена од мандатот, велат од партијата.

„Ново училиште во Илинден, канализациона мрежа во Гази Баба и Кисела Вода, исчистена голема депонија во Ново Село, пречистителна станица во Ракотници, Сопиште, поставување на фотоволтаици на основните училишта и дел од градинките на територија на општина Аеродром, реконструирано игралиште во Бутел, исчистени диви депонии, се само дел од проектите во Скопје и скопско за првите 100 дена.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија асфалтираат нови улици, поставуваат нови канализациони и водоводни системи.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Охрид ќе добие нов булевар, а во Битола се реконструира стадионот“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека промените и проектите ќе продолжат уште посилно во иднина.

- Реклама -