СДСМ: Платите растат, се подготвува големо покачување на пензиите

„Како што вети, СДСМ интензивно ја реализира програмата за силна финансиска поддршка на граѓаните во време на криза“, истакнуваат од владејачката партија, потсетувајќи дека новата влада за неполн месец направила, како што велат, историски најголемо покачување на минималната плата, а покрај тоа и ги заштитила граѓаните од ценовен шок за струјата, но и обезбедила парно греење за скопјани во услови кога, според нив, градската власт се самоамнестирала од одговорност.

„Сите средства од буџетот се вложуваат назад во поддршка на стопанството и граѓаните“, потенцираат од СДСМ, со порака дека следен чекор, како што најавил и премиерот на владата и претседател на партијата – Димитар Ковачевски, е големо покачување на платите:

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„Во моментот се работи на модел и пресметки за точна сума која ќе значи силна поддршка за возрасните во услови на криза. Пензионерите се категорија силно погодена финансиски во време на пандемија и затоа Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди значајна сума на средства за овие наши сограѓани“, велат од СДСМ.

Од партијата испратија и порака до опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ, велат, може слободно да продолжи со опструкции и блокади, а наместо да глуми загриженост за растот на платите и пензиите додека лицемерно блокира закони – и слободно да продолжи со измислени афери и лажен патриотизам.

- Реклама -