Русија се одмаздува, ја забрани „Дојче веле“

Москва, 3 февруари 2022 (МИА) – Русија воведе забрана за германскиот меѓународен радиодифузер Дојче веле, ја затвора неговата канцеларија во Москва и ќе ја одземе акредитацијата на новинарите од тој медиуми, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Москва.

Потегот на Москва е одмазда за вчерашната одлука на германскиот регулатор, кој ги блокираше преносите на рускиот ТВ канал RT DE. Кремљ ја критикуваше наредбата како „ништо помалку од напад на слободата на говорот“.

Комисијата за лиценцирање и надзор (ЗАК), која е одговорна за регулирање на медиумите во Германија, му забрани на каналот на германски јазик RT DE да емитува програма во земјата, наведувајќи дека нема дозвола за емитување.

Прочитајте и:  Русија ги отфрли обвинувањата дека стои зад саботажата во Франција

РТ, поранешна Раша Тудеј, – се емитува на меѓународно ниво на шест јазици и тврди дека нејзината програма на германски јазик придонесува за различноста на мислењата во Европа. Во меѓувреме, критичарите ја обвинуваат РТ дека е гласноговорник на Кремљ и се користи за ширење пропаганда и дезинформации.

Дојче веле или ДВ е германски државен 24-часовен информативен канал финансиран од федералниот даночен буџет. Се емитува програма на германски, англиски, шпански и арапски јазик.

- Реклама -