Рот: Бугарија да ги спроведе пресудите на ЕСЧП и да го признае македонското малцинство

Поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник во Бундестагот – Михаел Рот, ја поздрави денешната средба на премиерите на Македонија и Бугарија – Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Но, исто така, Рот порача и дека Бугарија конечно треба да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и „да признае македонското малцинство во Бугарија“.

„Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Северна Македонија. Како што Северна Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, порача Рот.

Прочитајте и:  Гир: Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета

Михаел Рот беше државен министер за Европа од 2013 до 2021 година во владите на германската канцеларка Ангела Меркел.

Извор: МИА

- Реклама -