1.396 нови случаи на Ковид-19 во државата, починале девет лица

Скопје, 9 јануари 2022 (МИА) – Од направени 11.479 тестови, регистрирани се 1.396 нови случаи на КОВИД-19, починале девет лица, а оздравени се 348 пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа најмногу позитивни случаи има во:

Скопје – 790,
Битола – 164,
Прилеп – 80,
Кавадарци – 41,
Куманово – 31,
Охрид и Гевгелија – 26,
Гостивар – 24,
Кичево – 22,
Велес – 21,
Ресен – 19,
Тетово – 18,
Неготино – 17,
Штип и Кочани – по 16,
Струга – 12,
Крушево – 9,
Пробиштип – 8,
Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7,
Валандово и Македонски Брод – по 6,
Струмица – 5,
Делчево – 4,
Богданци и Пехчево – по 3,
Виница и Кратово – по 2,
Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се шест починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се три лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 – 18.12.2021г. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови.

Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 199,Битола – 32, Кавадарци – 26, Ресен – 13, Охрид – 12, Тетово – 10, Неготино – 9, Гевгелија – 8, Штип – 6, Куманово, Гостивар, Велес и Струмица – по 4, Кичево и Валандово – по 3, Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран – по 2, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 1.

Направени се 11.479 тестови преку: ИЈЗ-308, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-123, ЦЈЗ Прилеп-77, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-253, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –7,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3,Жан Митрев (Филип Втори)-198, Авицена-313, Биотек-501, Систина-179, лабораторија Лаор-932,Синлаб-158, Ремедика-30, Плодност-222, Генеа-13, Никоб Лаб-1.048, ВФВ Медикал-159, Ели Медика-599, Ројал Медика–120, Спектра-ММ-63, Рапид Лаб–71, ЖанМитрев Струмица–71, Нова Лаб Дијагностика–60, Рамус-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 5.845.

Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.

- Реклама -