4 актери за кои не знаевте дека се „бубалици“

Натали Портман Во светот на стереотипните посочувања, одредени професии се познати како резервирани за тапоглавци. Покрај професионалните спортисти, за глупави се сметаат и актерите или воопшто, славните личности. Но, кога помислувате на славни личности, не одете со умот директно кај Парис Хилтон. Имајте ја предвид Натали Портман на пример. Дали сте знаеле дека таа зборува 4 јазици и има диплома по право? Следи листата не четворицата актери за кои сигурно не сте знаеле дека се „бубалици“.


Во светот на стереотипните посочувања, одредени професии се познати
како резервирани за тапоглавци. Покрај професионалните спортисти, за
глупави се сметаат и актерите или воопшто, славните личности. Но, кога
помислувате на славни личности, не одете со умот директно кај Парис
Хилтон. Имајте ја предвид Натали Портман на пример. Дали сте знаеле
дека таа зборува 4 јазици и има диплома по право? Следи листата не
четворицата актери за кои сигурно не сте знаеле дека се „бубалици“.

Натали Портман4. Натали Портман

Кога имала 10 години, моден агент ја видел во пицерија. Натали ја одбила понудата да стане професионален модел, зашто знаела дека сака да биде актерка. Во текот на основното и средно образование, сите оценки што ги добивале биле највисоките можно, а откако ја изигра улогата на кралицата Амидала, ја скокнала премиерата на филмот, за да може да учи за последниот испит на колеџ. Ова ја внесе на Харвард, најреспектираниот факултет за право во светот. Таму, таа работела како асистентка во лабораторијата за психологија, а некое време работела и за најмладиот професор во историјата на Харвард – Ален Дершовиц, еден од адвокатите кои успеаја да го извадат О Џеј Симпсон откако ја уби жена си и љубовникот.

Натали научила 4 јазици, покрај мајчиниот – хебрејски. 2 пати е објавена во научни списанија, а еднаш има предавано како професор-гостин на универзитетот Колумбија, на тема тероризам и антитероризам. Сè уште мислите дека убавите девојки не можат да бидат паметни?

Кејт Бекинсејл3. Кејт Бекинсејл

Што може да се каже за Кејт Бекинсејл? Изгледа како извајана од глина, магично оживеана од боговите, со прекрасно лице и неверојатно секси глас и акцент. Но дали е само тоа доволно за да се стане ѕвезда во филм клон на Матрикс полн со вампири и врколаци? Секако дека не. Треба да бидете и литерарен генијалец!

Кејт има освоено две награди за пишување, по два пати, во текот на две години (или вкупно 4 награди) за куси раскази и поезија. Дополнително, течно говори француски, германски и руски јазик и е горе-долу експерт за класичната француска и руска литература. Студирала на Оксфорд, но се отпишала за да игра во Underworld. И така, жената што можеше да стане најсексапилната библиотекарка на сите времиња, стана борец против мрачните сили на подземјето. Добар избор, нели?

Вин Дизел2. Вин Дизел

Марк Винсент (или како што ние го знаеме – Вин Дизел) ја започна својата филмска кариера прилично чудно. Со буџет од 3 илјади долари успеал да сними филм (кој за чудо не е порно) кој го привлекол вниманието на Стивен Спилберг, кој го повикал да глуми во „Спасувајќи го војникот Рајан“. Оттогаш, се редеа, лоша улога, по лоша улога, но никако не можеше а да не се забележи застрашувачкиот изглед на актерот, предодреденоста за глумење груби и насилни херои кои попрво би употребиле сила, отколку ум.

И тогаш дознаваме дека во последниве 20 години, Вин Дизел играл Dungeons and Dragons, посвеетно и секојдневно. Некаде на неговото тело има тетоважа со името на ликот со кој игра. Посветен гејмер, нема што!

Но, тука не завршува приказната. Вин отвори продуцентска куќа за видео игри која се вика Tigon Studios и која настана затоа што му се смачило да гледа игри базирани на филмови кои го уништуваат доживувањето. На сечие изненадување, најголем хит што излезе оттаму беше The Chronicles of Riddick: Escape from Butcher Bay. Да, оваа игра е базирана на истоимениот филм, но не само што е подобра од него, туку беше прогласена за најдобра игра во годината кога излезе. И сето тоа благодарение на умот скриен во купот мускули што го знаеме како Вин Дизел.

Долф Линдгрен1. Долф Линдгрен

Долф Линдгрен, кого најмногу од нас го паметат како „оној Русинот од Роки“ беше своевидна суперѕвезда во осумдесеттите. Го играше Панишер во верзијата од 1989, го играше Химен во филмската верзија и секако, го скрши од ќотек Аполо Крид и ја инспирираше најдобрата спортска монтажа во историјата на филмот.

Долф е човекот кој без да трепне му кажа на Сталоне: „Ќе те скршам“. Но, она што не сте го знаеле е дека тој можел комотно, во истата секунда да ја пресмета силата што ќе му биде потребна за да го стори тоа. Линдгрен има IQ од 160. Дипломирал на кралскиот технолошки институт во Шведска, магистрирал хемиско инженерство и добил полна стипендија за универзитетот MIT. Но, по 2 недели минати таму, натчовечката интелигенција му овозможила да пресмета оти цел живот минат во лабораторија правејќи важни истражувања, нема да е толку забавен колку еден филм во кој ќе може да го глуми Химен. И така започнаа неговите филмски искуства.

Патем, Долф Линдгрен зборува 5 јазици: шведски, француски, англиски, германски и италијански. Лидер бил на тимот во пентатлон на својата земја и поранешен рејнџер. Дополнително, има црн појас. Од оваа перспектива, не е тешко да се замисли колку од своите способности требало да ги заборави за да ја одигра улогата на „оној Русинот од Роки“, нели?

- Реклама -