280 нови случаи на ковид, пријавени вкупно 10 починати

Во последните 24 часа направени се 3.929 тестирања, а регистрирани се 280 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 137
• Прилеп – 24
• Охрид – 18
• Битола и Штип – по 15
• Кавадарци – 13
• Гевгелија – 10
• Ресен – 9
• Куманово и Струмица – по 8
• Велес – 4
• Валандово и Богданци – по 3
• Кичево и Демир Хисар – по 2
• Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од:

• Скопје – 70
• Кавадарци – 23
• Битола – 17
• Прилеп – 13
• Штип и Гевгелија – по 6
• Кочани, Крива Паланка и Крушево – по 3
• Неготино и Свети Николе – по 2
• Ресен, Богданци, Кичево, Гостивар, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211, бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.

- Реклама -