Филипче му се заблагодари на својот другар Заев: „Тој беше моторот на промените во зравството“

„Премиерот Зоран Заев беше моторот на промените во зравството и човекот кој ги разбра и поддржа најзначајните здравствени реформи спроведени изминатите четири години“, порача на Фејсбук министерот за здравство во заминување – Венко Филипче, откако денеска Заев ја достави својата оставка од премиерската позиција, во Собранието.

„Благодарение на поддршката која ја добивав од него, успеавме за прв пат во историјата речиси двојно да ги покачиме платите на здравствените работници, да обезбедиме квалитетна терапија за лицата со ретки болести, да го прекинеме паралелниот увоз на лекови, да обезбедиме најквалитетни инсулини и да реновираме најголем број на здравствени установи споредено со било кој друг период во минатото. Заедно реализиравме уште низа други проекти од кои придобивки денес имаат нашите граѓани, но и здравствените работници“, напиша Филипче.

Прочитајте и:  Филипче: Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило

Во Фејсбук статусот, министерот за здравство воедно и му се заблагодари на Заев за соработката, посветеноста и, како што пишува, човечноста која ја покажал при определувањето на приоритетите во Владата.

- Реклама -