ЕК усвои регулатива за обврзувачка деветмесечна валидност на ковид сертификатите

Брисел, 21 декември 2021 (МИА) – Европска комисија денеска усвои регулатива за важење на сертификатите за Ковид-19 девет месеци од примарната вакцинација, изјави претставник на Европска Унија.

Тој додаде дека новите прописи ќе бидат обврзувачки за 27 земји-членки од 1 февруари.

Регулативата може да биде поништена со квалификувано мнозинство од владите на ЕУ или просто мнозинство од членовите на ЕП, но според официјалните лица нема доволно поддршка за тоа.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст
- Реклама -